Кога сте во среќна врска, последно што ви треба се бројните интернет страници кои проценуваат колку ќе трае вашата врска. Сепак на некои парови тоа им е особено интересно, па затоа веројатно и го имаме Wedding Betting.
Wedding Betting е страница на која паровите можат да постават свои слики, а посетителите на страната гласаат дали врската ќе трае една, пет, осум, 15 години или пак засекогаш.

Секако, ваквите предвидувања не треба да се сфатат сериозно, но кога ќе видите дека повеќето кои ја виделе вашата фотографија гласале дека ќе издржите само една година, веројатно малку ќе се подзамислите, зарем не?
Ако се одлучите да поставите ваша фотка на страницата, бидете спремни и за неочекуваните последици.
27.07.2008