Знаете ли колку бактерии живеат во вашата тастатура? Истражувањата покажуваат дека во неа има повеќе бактерии отколку во ВЦ шолја и дека можат сериозно да му наштетат вашето здравје. Па, како да ги исчистиме?
Швајцарците се досетија како да го олеснат чистењето на тастатурата.
Cyber Clean изгледа како парче компир, а потсетува на лигавите топчиња што го менуваа својот облик, а со кои си игравме како деца.
Cyber Clean користи комбинација на вискозност и еластичност за да влезе меѓу копчињата, каде што ја впивува нечистотијата, остатоците од храна и прашина, а истовремено ги убива и бактериите на површината.

Cyber Clean може да има каков било облик, па може да ви помогне во чистењето на телефонот, телевизорот па дури и командната табла во автомобилот. Животот и почнува како флуоросцентно зелена маса, а како што се троши, ја менува бојата. Благодарение на приложената картичка со бои, ќе знаете кога точно треба стариот Cyber Clean да го замените со нов.
Cyber Clean доаѓа во пакет од 500 грама кои ќе ве чинат 12 евра, што и не мнпгу со оглед на цената за вашето здравје.
26.07.2008