logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Видео: Барса почна убедливо, Меси повторно неверојатен

Хосеп Гвардиола стартуваше со убедлива победа на подготовките во Шкотска во пријателскиот меч против локалниот прволигаш Хиберниан. Барселона победи со 6:0, а веќе до полувремето гостите водеа со 4:0 преку двата погодоци на Гудјонсен, додека по еднаш стрелци беа Меси и Педрито. Во вториот дел стрелци беа Кркиќ и Туре.
Головите можете да ги проследите на Taratur.com/video [1]
Најдобриот млад фудбалер на светот, за првпат во Барселона со бројот 10, повторно постигна прекрасен гол, а и воопшто воодушевуваше со играта. Мечот за Барселона го започнаа: Валдес - Алвес, Маркез, Пике, Корколес - Виктор Васкез, Бускетс, Педрито - Меси, Анри, Гудјонсен, а подоцна меѓу останатите во игра влегоа и Ето'о, Кркиќ, Хлеб и Кеита. Хибрниан - Барселона 0:6 (Гудјонсен 5, 17 - Меси 15 - Педрито 27 - Кркиќ 48 - Туре 69).

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/4322