Италијанскиот тренер Фабио Капело, кој моментално е селектор на Англија, објави дека најверојатно по одработениот ангажман на Островот ќе го напушти тренерскиот свет.
„Мислам дека мојот крај ќе биде овде во Англија, на чело на репрезентацијата“, рече популарниот стратег во разговор за za La Repubblicа и додаде:
„Би сакал тој крај да биде успешен. Сакам да ја заокружам својата кариера со успех на Светското првенство 2010 во Јужноафриканската република. Сакам и Англија после долги, долги години да ја почувствува страста на победување на големите натпреварувања“, рече
Капело.
Во кариерата 62-годишниот стратег ги предводеше Милан, Реал Мадрид, Рома и Јувентус.
25.07.2008