logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Видео: Ливерпул го доведе Нгог

Менаџерот на Ливерпул, Рафа Бенитез го доведе и четвртото засилување пред почетокот на новата сезона. Младиот напаѓач Нгог е голем талент на францускиот фудбал. 19-годишниот напаѓач Давид Нгог, кој минатата сезона во дресот на ПСЖ постигна еден гол во 18 настапи потпиша четиригодишен договор со најтрофејниот англиски клуб. Англискиот премиерлигаш Ливерпул е многу активен на фудбалскиот пазар во пресрет на на новата сезона, а најновото засилување се очекува од втор план да се наметне во нападот на Бенитез. Досега на Енфилд пристигнаа Андре Досена, Диего Кавалиери и Филип Деген. Се споменува отштета од 1.5 милион фунти.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/4316