Менаџерот на Ливерпул, Рафа Бенитез го доведе и четвртото засилување пред почетокот на новата сезона. Младиот напаѓач Нгог е голем талент на францускиот фудбал.
19-годишниот напаѓач Давид Нгог, кој минатата сезона во дресот на ПСЖ постигна еден гол во 18 настапи потпиша четиригодишен договор со најтрофејниот англиски клуб.
Англискиот премиерлигаш Ливерпул е многу активен на фудбалскиот пазар во пресрет на на новата сезона, а најновото засилување се очекува од втор план да се наметне во нападот на Бенитез.
Досега на Енфилд пристигнаа Андре Досена, Диего Кавалиери и Филип Деген. Се споменува отштета од 1.5 милион фунти.
И БАТЕ во Лигата на шампиони Неверојатно, но белорускиот БАТЕ Борисов ќе го гледаме во Лигата на шампионите. На крилјата на сјајниот Аргентинец Серхио Агуеро и Атлетико избори пласман, откако го елиминираше Шалке.
Виља дефинитивно останува! Многубројните шпекулации за заминување на Виља од Валенсија нема да се остварат. Првиот стрелец на ЕУРО 2008 ќе остане Лилјак до 2014 година.
Мурињо: Шевченко беше како принц Шевченко откако замина во Челзи и имаше две неуспешни сезони се врати во клубот во кој го достигна својот врв, а поранешниот негов менаџер, сегашниот ривал тренерот на Интер Жозе Мурињо објасни зошто Шева не успеал на Стемфорд Бриџ.
Болт може да истрча 9.52? Трократниот олимписки првак, Јамајканецот Усаин Болт можел во финалето на трката од 100 метри на ОИ во Пекинг да истрча со резултат од 9.52 доколку десетина метри пред целта не почнaл да ја слави победата, изјави неговиот тренер Глен Милс.
Сите бегаат од Манчестер, јас би одел во Шпанија! Српскиот репрезентативец Немања Видиќ даде интересно интервју за рускиот магазин Football weekly каде што се осврна на начинот на живот во северозападна Англија.