Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито следната недела ќе седне на преговарачка маса со Горан Пандев за новиот негов договор. Постои можност да замине и во Фиорентина!
Како што, пренесува италијанскиот Кориере дело Спорт, македонскиот интернационалец има договор со Лацио до 30 јуни 2010 и веќе се закани дека може да го напушти Рим доколку не добие договор со подобрени услови.
Минатата недела,
Пандев се закани дека следното лето може да го искористи и членот 17 на ФИФА и да си ја откупи последната година од договорот.
Сепак, според информациите на италијанските медиуми, Лацио и претседателот
Лотито не посакуваат да останат без својот ’бисер’ и веќе е договорен датумот за почеток на преговорите.
Според "Кориере дело Спорт", Лотито и претставниците на Пандев на крајот од јули ќе се сретнат и ќе се обидат да ги договорат сите детали од новиот договор на напаѓачот.
Откако Лацио во изминатиот период беше активен на трансфер пазарот, сега се врти кон решавање на иднината на можеби нивниот најдобар играч - Горан Пандев.
Сепак, доколку не се договори, според италијанските медиуми, Македонецот има големи шанси да премине во Фиорентина доколку Рома го купи
Муту.