Анкета
Најнова Фотка
1,2, па и повеќе
Аирлија нека е!

Пандев ако не се договори - во Фиорентина!


Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито следната недела ќе седне на преговарачка маса со Горан Пандев за новиот негов договор. Постои можност да замине и во Фиорентина!

Како што, пренесува италијанскиот Кориере дело Спорт, македонскиот интернационалец има договор со Лацио до 30 јуни 2010 и веќе се закани дека може да го напушти Рим доколку не добие договор со подобрени услови.

Минатата недела, Пандев се закани дека следното лето може да го искористи и членот 17 на ФИФА и да си ја откупи последната година од договорот.

Сепак, според информациите на италијанските медиуми, Лацио и претседателот Лотито не посакуваат да останат без својот ’бисер’ и веќе е договорен датумот за почеток на преговорите.

Според "Кориере дело Спорт", Лотито и претставниците на Пандев на крајот од јули ќе се сретнат и ќе се обидат да ги договорат сите детали од новиот договор на напаѓачот.

Откако Лацио во изминатиот период беше активен на трансфер пазарот, сега се врти кон решавање на иднината на можеби нивниот најдобар играч - Горан Пандев.

Сепак, доколку не се договори, според италијанските медиуми, Македонецот има големи шанси да премине во Фиорентина доколку Рома го купи Муту.

24.07.2008



Гледајте фудбал
Спорт
Ја декласиравме Португалија
Ја декласиравме Португалија
Најдобар показател за супериорноста на нашите кошаркари е првата четвртина во која Португалците успеаја да постигнат само четири поени, а ние веќе имавме 22.
Хамилтон стартува прв во Белгија
Хамилтон стартува прв во Белгија
Водечкиот возач во вкупниот поредок на Форумула 1 се избори за првото место на утрешната трка за Големата награда на Белгија, која ќе се вози на познатата патека Спа.
Ибрахимовиќ најплатен во Серија А
Ибрахимовиќ најплатен во Серија А
Според Gazetta dello Sport годишната плата на шведскиот репрезентативец изнесува единаесет милиони евра. Втор на листата е Бразилецот Кака со девет милиони по сезона, додека трет е Роналдињо со 5.5 милиони евра.
Рафаел Собис во Ал-Џезира
Рафаел Собис во Ал-Џезира
Бразилскиот напаѓач и довчерашен член на Бетис потпиша договор со еден од побогатите клубови од Обединетите арапски емирати.
Апсолутен рекорд: 4,7 милијарди луѓе ги гледале ОИ
Апсолутен рекорд: 4,7 милијарди луѓе ги гледале ОИ
За 17 дена, ТВ преносите од Олимписките игри во Пекинг ги следеле околу 4,7 милијарди луѓе, што е нов апсолутен рекорд, соопшти денеска компанијата за истражување на пазарот Нилсен.
Рекоба заврши во Паниониос
Рекоба заврши во Паниониос
Легендата на уругвајскиот фудбал се одлучи во својата 32 година кариерата да ја продолжи во Грција. Иако имаше понуда од Блекбурн Ел Чињо следната сезона ќе го носи дресот на Паниониос.
Господарот на Дубаи го презема Ливерпул?
Господарот на Дубаи го презема Ливерпул?
Шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактоум, кој е петти најбогат човек во светот, има навистина сериозна намера да го преземе тимот од Енфилд Роуд.

Резултати сега!