
Ацидоза или прекиселеност на телото е основно зло на сите болести – рекол Парацелзиус. Латентната ацидоза која сите ние ја имаме во помала или поголема мера, претставува заситување на ткивата со киселина.
Таквата состојба на организмот се забележува во вид на: вртоглавица, лош здив и вкус во устата, обложен јазик, темни сенки под очите, малаксалост, безволност и депресија. По пат на прекиселување настануваат слободни радикали, кои ја уништуваат структурата на клетката.
Витамините, минералите и виталните материи кои се наоѓаат во храната се недоволно искористени. Како резултат на несоодветната ресорпција од храната, животно важните материи во танкото црево недоволно се искористуваат, а со тоа слабее нашиот имунитет.
Се јавуваат настинки и разни инфекции, како и главоболки и мигрени. Косата го губи сјајот, расте склоноста кон алергиите, а кожата станува бледа и пепеласто сива.
Уште во 1913 г., норвешкиот биохемичар Рагнар Берг, во една книга за исхрана на трудниците, препорачал дека здравите луѓе треба да јадат четири пати повеќе храна која прави алкални споеви отколку продукти кои создаваат киселина, а болните дури седум пати повеќе.
Модерната цивилизација создаде еден обратен однос: главниот дел се состои од – произведувачи на киселина – (лебот, месото, млечните производи, бело брашно, газирани пијалоци, шеќер, кафе и алкохол) а само 20% - производители на базна средина – (овошје, зеленчук, билки и минерална вода). Затоа не е чудо што најголем број од луѓето во западните индустријализирани земји се прекиселени. Кисело – алкална рамнотежа денес може да се најде само уште кај доенчињата и кај населението во земјите во кои владее глад.
Здрав и нормален метаболизам се одвива само во алкална средина. Дополнителен фактор за појава на ацидозата е и стресот. Како резултат на подолготрајна закиселеност на ткивата и присуство на кисела PH средина, доаѓа до појава на цивилизациските болести.
Врската меѓу исхраната и здравјето често не е видлива, бидејќи грешките во исхраната дури после многу години се појавуваат во облик на болест. Исхраната полна со вишок на киселини ги оптоварува бубрезите и долгорочно води кон метаболички пореметувања.
Сето тоа се случува и во нашето тело после повеќедневните новогодишни и божиќни празници. А кој може да им одолее на преполните трпези, кои не мамат со изобилството на храна и пијалоци. Во тие празнични денови, кога сме без секојдневните грижи и обврски, си дозволуваме конзумирање на поголемо количество храна која по правило е многу мрсна и калорична.
Недостигот на дневни активности, малку физичка активност, прекумерно пиење на алкохол и пушењето цигари не прави тромави, тешко подвижни и лошо расположени. Тоа е класичен пример на прекумерна закиселеност на организмот.
Затоа, по завршувањето на празниците се препорачува комплетна детоксификација на организмот, со што ќе ги елиминираме сите отрови од нашето тело и ќе ги намалиме штетните ефекти од закиселувањето.
Кај повторното воспоставување и оддржување на алкално киселата рамнотежа, од голема помош може да биде и зелената папаја со своите семки во ферментирана состојба.
Уште во 1945г. Американскиот истражувач д-р Јохн Келлог и професорот Лафаџет Б. Мендел, откриле дека папајата со својот ензим папаин, стои на врвот на ензимските продукти кои имаат ефект на создавање на база.
Концентратите кои се користат за подобрување на варењето, а содржат папаин, не помагаат само при варење на белковините, мастите и скробот туку и при воспоставување и одржување на алкално-киселата рамнотежа.
Листовите од папајата го содржат и многу алкализирачкиот спој карпаин. Зелената папаја од сите овошни видови има најбазен ефект на нашиот метаболизам. За споредба еве неколку PH вредности на другите овошја:
- јаболкото 3, бананата 5, јагода 2, портокали 6 и грозјето 3-6. Додека најјаки создавачи на киселина се: рибата - 25, месото од –20 до – 25, екстрактот од месо –50, квасецот за печење –50, сирењето за топење –20, кравјото сирење –17, пржените лешници – 10 до –20, белиот леб – 18 и пченичното брашно –15.
Алкохолот, газираните пијалоци, кафето и црниот чај, исто така се јаки “создавачи на киселина”, па треба да се избегнуваат. Зелениот чај, растителните чаеви и минералната вода создаваат алкални споеви.
За да бидеме здрави и витални, треба да практикуваме урамнотежена, добро избалансирана исхрана во која ќе преовладуваат алкални споеви кои го штитат организмот од штетни ефекти од прекиселувањето.
Повеќе:
eco-food-ong.com [1]
*Спонзорирана статија