Анкета
Најнова Фотка
1,2, па и повеќе
Аирлија нека е!

Претставена македонската делегација за Олипијадата


Во просториите на Македонскиот олимписки комитет, се одржа свечена презентација на Олимписката делегација која ќе ги брани боите на Македонија на 29-те Летни олимписки игри кои ќе се одржат во Пекинг, Кина, во периодот од 8 до 24 август 2008 година.

На претходно одржаната седница на Управниот одбор на ОК било одлучено носител на македонското знаме на ОИ во Пекинг да биде кајакарот Атанас Николовски, пренесува Нетпрес.

Седуммина спортисти ќе ја претставуваат Македонија на претстојните Летни олимписки игри. Со постигнати норми за учество ќе настапат борачот Мурад Рамазанов и кајакарот Атанас Николовски.

Со вајлд-карти ќе настапат стрелачот Сашо Несторовски (10 метри, воздушна пушка), пливачите Елена Поповска (100 слободно) и Михајло Ристовски (200 слободно) и атлетичарката Ивана Рожман (100 метри) и атлетичарот Реџеп Селман (трискок).

Заеднички беше заклучокот на нашите олимпијци дека ќе се обидат да ја претстават Македонија во најдобро светло, притоа ветувајќи дека ќе дадат се од себе да го подобрат националниот рекорд во дисциплината во која ќе ја претставуваат нашата земја.

Делегација, во која покрај спортитстите ќе учествуваат и четворица тренери и претставници на МОК, ќе ја предводи претседателот на Македонскиот олимписки комитет Васил Тупурковски, а за Пекинг ќе замине на 28 јули.

Спортистите кои ќе учествуват на игрите ќе носат спортската опрема од реноминираниот производител на спортска опрема "Пума", а олимписката делегација на свеченото дефиле на отварањето на Летните олимписки игри ќе носи произвиоди македонска компанија "Макпримат".

Досега македонските спортисти на Олимписките игри освоиле 13 медали во разни спортови и три медали на Параолимписките игри.




23.07.2008



Гледајте фудбал
Спорт
Познати групите во Лигата на шампиони
Познати групите во Лигата на шампиони
Ждрепката од Лигата на шампионите донесе прилично изедначени групи. Интересна е групата Х, каде пласман ќе бараат Реал, Јувентус и Зенит, како и изненадувањето БАТЕ, а можеби најнеизвесна ќе биде групата Д.
Палоски на позајмица во Парма
Палоски на позајмица во Парма
Напаѓачот на Милан и младата италијанска репрезентација замина на позајмица во редовите на второлигашот со цел да добие поголема минутажа и за да се здобие со искуство кое ќе му биде неопходно за да добие место во Милан.
Џерард оди на операција
Џерард оди на операција
Тешко извојуваната групна фаза од Лигата на шампионите им донесе среќа на навивачите на Ливерпул, но и загриженост поради повредата на нивниот капитен.
Одо замина во Баерн Минхен
Одо замина во Баерн Минхен
Германскиот клуб го потврди доаѓањето на десниот бек од Милан, кој на Алианц Арена ќе настапува како позајмен фудбалер со можност за откуп на договорот на крајот од сезоната.
 Рајт-Филипс се враќа дома
Рајт-Филипс се враќа дома
Досегашниот крилен напаѓач на Челзи, слично како и неговиот поранешен соиграч Шевченко, реши да ја продолжи кариерата во тимот каде ги прикажа најдобрите игри во неговата кариера.
Рајкард ме тераше да играм и кога бев повреден
Рајкард ме тераше да играм и кога бев повреден
Тиери Анри, го обвини поранешниот тренер на Каталонците Франк Рајкард дека го ставал во игра дури и кога не бил подготвен.
Челзи продава дресови од Робињо
Челзи продава дресови од Робињо
Робињо дефинитивно оди во Челзи. И покрај тоа што се уште нема потврда доказ за ова е официјална интернет страница на клубот, каде што започнаа со продажба на дресови со името на Робињо, но без број.

Резултати сега!