Според пишувањето на Кориере дело Спорт, Милан е во потрага по одбранбен фудбалер кој ќе може да влезе како замена за Алесандро Неста еден од најдобрите стопери во светот, кој е се по склон кон повредите.
Уште од Светското првенство 1998 година
Неста има хронични проблеми со повредите, а 32-годишниот италијански репрезентативец воглавно има проблеми со грбот и со препоните.
Иако откажувањето од репрезентацијата му помогна за зачувување на неговото здравје, Неста сепак минатата сезона пропушти скоро четвртина од натпреварите на Милан.
Во текот на подготовките за новата сезона проблемите на Неста со грбот повторно се активираа, што во редовите на Росонерите предизвика аларм.
Иако потпретседателот на Милан,
Адријано Галијани, неодамна најави дека по купувањето на
Роналдињо нема да има повеќе засилување на тимот, Кориере пишува дека црвено–црните сега се во потрага по одбранбен играч кој достојно би можел да го замени Алесандро Неста.
23.07.2008