Младиот плејмејкер на Васко де Гама, 16-годишниот Филипе Кутињо Кореја, потпиша договор со италијанскиот шампион за околу 10 милиони евра.
Младиот Бразилец е еден од најталентираните фудбалери во својата земја, а за неговите услуги беше заинтересиран и Реал Мадрид. Сепак Интер со 10-те милиони евра го претрка шпанскиот првак за услугите на младиот Кутињо.
Сепак, според договорот Бразилецот ќе остане во Васко де Гама до крајот на сезонава, со цел да стекне поголемо првотимско искуство, а дури потоа ќе се пресели во Милано.
„Одлучивме да го продадеме на Интер со договор да го задржиме додека не стане полнолетен. Имаме млад тим преполн со ретки таленти, но важно е да се биде стрплив и да ги пуштиме да пораснат“, изјави претседателот на бразилскиот клуб Роберто Динамита.