Јунакот од Хенкок и официјално е прв на листата на актери со најголема заработувачка. Зад себе ги остави Џони Дип, Еди Марфи, Мајк Маерс како и Леонардо Ди Каприо.
Со заработени 80 милиони долари во минатата година,
Смит за осум милиони го надмина
Џони Дип, додека на третото место ги остави
Еди Марфи и Мајк Маерс со заработени 55 милиони долари.
Покрај тоа што заседна на врвот на најплатени глумци, Смит има и причина плус за славење и поради тоа што станал првиот актер чиишто осум филмови по ред на киноблагајните заработија повеќе од 100 милиони долари.
А на вистински пат се и неговата седумгодишна ќерка
Вилоу, како и десетгодишниот син
Џејден, кои се докажаа играјќи заедно со татко си во блокбастерите
Во потрага по среќата и
Јас сум легенда, но сега веќе почнаа да градат и самостојна кариера.
23.07.2008