Роналдињо рече дека се радува што оваа сезона ќе игра со Кака, како и дека се надева оти неговиот сонародник ќе остане на Сан Сиро така што „добро ќе се забавуваат“.
Офанзивата на Милан ќе ја предводат
Роналдињо, Пато и Кака, секако ако најдобриот фудбалер на светот не замине во Челзи или Реал Мадрид. Роналдињо кој на дресот ќе го носи бројот 80, многу би сакал да игра со Кака.
„Се надевам дека Кака ќе остане во Милан што е можно подолго. Многу добро ќе се забавуваме. Милан не е само Роналдињо, Пато и Кака туку е целиот тим“, рече популарниот Волшебник.
23.07.2008