logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Барселона во моето срце

Големиот фудбалски великан, бразилскиот волшебник испрати писмо со благодарност до Барселона, клубот и сите навивачи. „Уживав да играм за Барселона и што можев со моите игри да ги правам среќни навивачите на клубот. Чувствував блискост со сите луѓе околу Барселона бидејќи секогаш покажуваа почит и приврзаност кон мене. Сонот ми е еден ден да се простам од фудбалот на Ноу Камп. Многу сум среќен што потпишав договор со голем клуб како што е Милан, но сепак по малку жалам поради напуштањето на клубот во кој ги доживеав сите успеси и покрај сите емоции. Ние Бразилците пред се играме фудбал за да сме среќни, што беше и еден од моите цели кога дојдов во Барселона. Успеав, и многу сум задоволен поради тоа. Морам да му заблагодарам на клубот и на соиграчите поради личните трофеи што ги освоив со нивна огромна помош. Бев многу среќен да живеам во Барселона и за Барселона. Во моето срце ќе останат силни емоции кон градот и клубот. Фудбалот е игра, забава, спорт за уживање. Фудбалот треба да се игра со насмевка на лицето.На тој начин се договорив со навивачите на Барселона. Ви благодарам што се смеевте со мене“, го заврши Роналдињо љубовното писмо, со наслов ’Барселона во моето срце’.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/4290