Анкета
Најнова Фотка
1,2, па и повеќе
Аирлија нека е!

Барселона во моето срце


Големиот фудбалски великан, бразилскиот волшебник испрати писмо со благодарност до Барселона, клубот и сите навивачи.

„Уживав да играм за Барселона и што можев со моите игри да ги правам среќни навивачите на клубот. Чувствував блискост со сите луѓе околу Барселона бидејќи секогаш покажуваа почит и приврзаност кон мене. Сонот ми е еден ден да се простам од фудбалот на Ноу Камп.

Многу сум среќен што потпишав договор со голем клуб како што е Милан, но сепак по малку жалам поради напуштањето на клубот во кој ги доживеав сите успеси и покрај сите емоции.

Ние Бразилците пред се играме фудбал за да сме среќни, што беше и еден од моите цели кога дојдов во Барселона. Успеав, и многу сум задоволен поради тоа.

Морам да му заблагодарам на клубот и на соиграчите поради личните трофеи што ги освоив со нивна огромна помош.

Бев многу среќен да живеам во Барселона и за Барселона. Во моето срце ќе останат силни емоции кон градот и клубот.

Фудбалот е игра, забава, спорт за уживање. Фудбалот треба да се игра со насмевка на лицето.На тој начин се договорив со навивачите на Барселона. Ви благодарам што се смеевте со мене“, го заврши Роналдињо љубовното писмо, со наслов ’Барселона во моето срце’.


23.07.2008



Гледајте фудбал
Спорт
Ја декласиравме Португалија
Ја декласиравме Португалија
Најдобар показател за супериорноста на нашите кошаркари е првата четвртина во која Португалците успеаја да постигнат само четири поени, а ние веќе имавме 22.
Хамилтон стартува прв во Белгија
Хамилтон стартува прв во Белгија
Водечкиот возач во вкупниот поредок на Форумула 1 се избори за првото место на утрешната трка за Големата награда на Белгија, која ќе се вози на познатата патека Спа.
Ибрахимовиќ најплатен во Серија А
Ибрахимовиќ најплатен во Серија А
Според Gazetta dello Sport годишната плата на шведскиот репрезентативец изнесува единаесет милиони евра. Втор на листата е Бразилецот Кака со девет милиони по сезона, додека трет е Роналдињо со 5.5 милиони евра.
Рафаел Собис во Ал-Џезира
Рафаел Собис во Ал-Џезира
Бразилскиот напаѓач и довчерашен член на Бетис потпиша договор со еден од побогатите клубови од Обединетите арапски емирати.
Апсолутен рекорд: 4,7 милијарди луѓе ги гледале ОИ
Апсолутен рекорд: 4,7 милијарди луѓе ги гледале ОИ
За 17 дена, ТВ преносите од Олимписките игри во Пекинг ги следеле околу 4,7 милијарди луѓе, што е нов апсолутен рекорд, соопшти денеска компанијата за истражување на пазарот Нилсен.
Рекоба заврши во Паниониос
Рекоба заврши во Паниониос
Легендата на уругвајскиот фудбал се одлучи во својата 32 година кариерата да ја продолжи во Грција. Иако имаше понуда од Блекбурн Ел Чињо следната сезона ќе го носи дресот на Паниониос.
Господарот на Дубаи го презема Ливерпул?
Господарот на Дубаи го презема Ливерпул?
Шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактоум, кој е петти најбогат човек во светот, има навистина сериозна намера да го преземе тимот од Енфилд Роуд.

Резултати сега!