logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Оружен инцидент во Бит пазар – две лица ранети

Две лица се ранети во оружен инцидент што попладнево се случи во скопски Бит Пазар, соопштија полициски извори за Макфакс. Според првите сознанија на полицијата, засега непознат сторител пукал од огнено оружје, при што ранил две лица. Ранетите се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје Оружениот инцидент се случил околу 14,30 часот во близина на Поликлиниката Бит Пазар. Полиција врши увид на местото и презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за расветлување на причините за инцидентот.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/4285