Италијанските власти открија дека организирана криминална група се обидела да го купи Лацио со средства стекнати со насилство и заплашување.
Се работи за кланот
Касалеси, еден од припадниците од богатата неаполска сцена на мафијаши – Каморе. Касалеси се обиделе да го откупат клубот преку трети лица, со насилство и застрашување.
Планот на мафијашката организација излегол во јавност откако римската полиција привела десет припадници на мафијашката организација во акцијата
Скршени крилја. Помеѓу приведените има странски државјани.
Во текот на 2006 година актуелниот претседател на Лацио,
Клаудио Лотито, побарал полициска заштита откако голема група на навивачи со застрашување се обидела да го натера да го продаде клубот на конзорциумот кој го предводи 61-годишниот
Џорџо Кинаља, некогашен фудбалер на римскиот клуб.
Кинаља е приведен под сомневање дека со трети лица се обидел да стекне дел во Лацио. За истото се обвинува и Лотито. Процесот се уште трае, а двајцата се на слобода и тврдат дека не направиле ништо противзаконско.
22.07.2008