Барселона и Ајакс ги договорија деталите за преминување на 28-годишниот одбранбен фудбалер од Каталонија во Амстердам.
„Преддоговорот е веќе потпишан. Барселона за
Олегуер ќе инкасира три милиони евра, со можност на доплата во износ од 2,25 милиони евра, во зависност на успесите на Ајакс во следните три сезони“, стои во соопштението објавено на официјалната страна на Барселона.
Олегуер Пресас има договор со Барселона до 2010 година, меѓутоа новиот тренер
Хосеп Гвердиола го прогласи за вишок. Каталонецот настапуваше за првиот тим на Барселона од 2002 година, одигрувајќи 125 натпревари, а постигна и еден гол.
22.07.2008