|
|
Караџиќ сам ќе се брани во Хаг
Адвокатoт на Радован Караџиќ, Светозар Вујачиќ, денеска изјави дека неговиот клиент самиот ќе се брани во Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија, објави весникот Блиц.
Вујачиќ рекол дека Караџиќ е во одлична здравствена состојба и дека се чувтсвува добро. Лука Караџиќ, брат на најбараниот хашки бегалец, изјавил дека го посетил Радован и дека еден час разговарал со него, пренесува агенцијата Нетпрес.
Лука Караџиќ додал дека ќерката и сопругата на Радован имаат дозвола да го посетат во Белград поранешниот лидер на босанските Срби, но оти меѓународните власти во Босна и Херцеговина не им дозволуваат да ја напуштат земјата.
22.07.2008
|
|
|
|
|