Споменик на Александар Македонски во Солун
На денешен ден пред 2.364 години е роден Александар Македонски. Македонскиот владетел, кој успеа да го освои половина свет, е роден на денешен ден 356 година пред новата ера во градот Пела, Егејска Македонија.
Александар Македонски, син на македонскиот император Филип Втори и на Олимпија, е еден од најпознатите личности на стариот век, војсководец и државник.
Александар Македонски од малечката Македонија создаде светска сила. Го порази огромното Персиско царство, тогаш најголема светска империја, и во својот поход стигна до Индија.
Александар Македонски или како што е познат во светската историја како Александар Велики умрел во Вавилон на 13 јуни 323 година пред новата ера, јавува Нетпрес.
По овој повод, Светскиот македонски конгрес повторно го актуелизира прашањето за изградба на грандиозен споменик на Александар Македонски и неговиот коњ Букефал, на плоштадот Македонија во Скопје, во фонтана со осум лава.
СМК очекува Владата да ја реализира оваа иницијатива на Македонците од сите делови на Македонија и во целиот свет, се вели во соопштението на Светскиот македонски конгрес.