Анкета
Најнова Фотка
1,2, па и повеќе
Аирлија нека е!

Уапсен Радован Караџиќ


Караџиќ живеел под лажното име Драган Дабиќ и цело време слободно се шетал низ Белград. Се занимавал со алтернативна медицина и работел во приватна лекарска ординација.

Овие детали денеска ги соопшти претседателот на Националниот совет за соработка на Србија со Хашкиот трибунал Расим Љајиќ, јави Макфакс.

Тој наведе дека Караџиќ поседувал лажни документи и слободно се движел низ Белград, каде и беше уапсен.

Обвинителот за воени злосторства Владимир Вукчевиќ соопшти на заедничката прес конференција дека Караџиќ бил уапсен во понеделникот во вечерните часови, а акцијата за негово апсење почнала неколку часа претходно.

Вукчевиќ посочи дека истражниот судија донел решение во кое навел дека исполнети се сите услови за екстрадирање на Караџиќ во Хаг.

Четири-пет години Караџиќ слободно се шетал низ Белград, се појавувал на јавни места и се претставувал како Драган Дабиќ. Вукчевиќ рече дека Караџиќ бил многу уверлив во криењето на идентитетот.

Се верува дека и во ординацијата во која работел не знаеле дека го вработиле Караџиќ, а неговиот вистински идентитет не го знаеле ни сопствениците на станот каде што бил потстанар.


Поранешниот претседател на босанските Срби Радован Караџиќ, на распит кај судијата во Специјалниот суд во Белград, изјавил дека бил уапсен во петокот, а апсењето го нарекува фарса.

Ова денеска за српските медиуми го изјави адвокатот на Караџиќ, Светозар Вуичиќ, кој информира дека првиот распит траел час и половина, при што обвинетиот „не одбил да се идентификува“.

Според изјавата на обвинетиот, непознати лица во петокот му ставиле превез на очите откако се качил на автобус со кој патувал од Белград до блиското гратче Батајница. По ова тој бил однесен на непознато место, на кое бил чуван до понеделникот.

Според Вуичиќ, Караџиќ моментално одбива да се храни, изгледа ослабен и спокоен.

Адвокатот на Караџиќ протестира поради тоа што „апсењето е извршено на незаконски начин, а спорно и за судијата е тоа што обвинетиот не бил веднаш предаден на органите“.


22.07.2008




Гледајте фудбал
Спорт
Ја декласиравме Португалија
Ја декласиравме Португалија
Најдобар показател за супериорноста на нашите кошаркари е првата четвртина во која Португалците успеаја да постигнат само четири поени, а ние веќе имавме 22.
Хамилтон стартува прв во Белгија
Хамилтон стартува прв во Белгија
Водечкиот возач во вкупниот поредок на Форумула 1 се избори за првото место на утрешната трка за Големата награда на Белгија, која ќе се вози на познатата патека Спа.
Ибрахимовиќ најплатен во Серија А
Ибрахимовиќ најплатен во Серија А
Според Gazetta dello Sport годишната плата на шведскиот репрезентативец изнесува единаесет милиони евра. Втор на листата е Бразилецот Кака со девет милиони по сезона, додека трет е Роналдињо со 5.5 милиони евра.
Рафаел Собис во Ал-Џезира
Рафаел Собис во Ал-Џезира
Бразилскиот напаѓач и довчерашен член на Бетис потпиша договор со еден од побогатите клубови од Обединетите арапски емирати.
Апсолутен рекорд: 4,7 милијарди луѓе ги гледале ОИ
Апсолутен рекорд: 4,7 милијарди луѓе ги гледале ОИ
За 17 дена, ТВ преносите од Олимписките игри во Пекинг ги следеле околу 4,7 милијарди луѓе, што е нов апсолутен рекорд, соопшти денеска компанијата за истражување на пазарот Нилсен.
Рекоба заврши во Паниониос
Рекоба заврши во Паниониос
Легендата на уругвајскиот фудбал се одлучи во својата 32 година кариерата да ја продолжи во Грција. Иако имаше понуда од Блекбурн Ел Чињо следната сезона ќе го носи дресот на Паниониос.
Господарот на Дубаи го презема Ливерпул?
Господарот на Дубаи го презема Ливерпул?
Шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактоум, кој е петти најбогат човек во светот, има навистина сериозна намера да го преземе тимот од Енфилд Роуд.

Резултати сега!