Одговорете на прашањата, соберете и одземете ги бодовите и ќе дознаете какви ви се шансите за понатамошно напредување во работата.
1. Дали работите помалку од вашите колеги на работа?
А. Да, затоа што сум поспособен од сите други!
Б. Останувам во фирмата подолго од сите и си одам кога ќе завршам.
В. Штом дојде крајот на работното време, си одам.
2. Ги добивате ли најбараните проекти и задачи?
А. Секогаш се трудам да дознаам што е актуелно и се борам да бидам најдобар.
Б. Работам се што ќе ми се даде, а најважно ми е да си сработам солидно.
В. Сработувам што ќе ми дадат, и одвај чекам да си одам дома.
3. Колку ви е висока платата?
А. Имам просечна плата и одамна немам добиено повишување.
Б. Непријатно ми е да кажам пред колегите, но заработувам повеќе од нив, иако работиме иста работа.
В. Заработувам премалку и понекогаш си ја мразам работата.
4. Унапредување добиваат симпатичните, а не работливите!
А. Ова тврдење ве лути, љубоморни сте на оние кои се прилагодуваат на надредените.
Б. Свесен сум дека работата не е праведна, ама не ми е гајле.
В. Знам дека е така и се трудам што подобро да се снајдам во околината.
5. Дали сте побарале од шефот зголемување на платата?
А. Немам собрано храброст.
Б. Да, ама ме одби.
В. Наскоро ќе побарам бидејќи го заслужив тоа со напорна работа.
6. Дали е искуството гаранција за унапредување
А. Шефовите ништо не мораат, па така не ме ни унапредуваат.
Б. Искуството е важно, но желбата и иницијативата се пресудни.
Ц. Не е важен трудот, туку годините на работа во истата фирма.
Добро, ги одговоривте прашањата, сега видете за кое колку бода сте добиле:
1. А. (-2 бода), бидејќи делувате како да не ви е грижа , Б. (+2) , В. (0)
2. А. (+2), Б. (0) , В. (-2)
3. А (0), Б. (+2), В. (-2)
4. А. (-1) , Б. (0), В. (+2)
5. А. (- 2 бода поради недостиг на иницијатива) Б. (одземете минус 2 наместо минус три, затоа што сепак сте покажале храброст) В. (+2)
6. А. (0), Б. (+2), В. (-2)
Решение:
Пет и повеќе: стрпете се и ќе успеете
На добар пат сте кон врвот, особено затоа што знаете дека добро извршената работа има еднаква важност како и квалитетната комуникација со шефот и колегите. Само така продолжете!
Од два до пат: малите промени прават чуда
На шефовите не им е гајле колку сте всушност паметни, туку колку се трудите и дали покажувате иницијатива. За да добиете унапредување и повишување на платата искрено заинтересирајте се за работата и не двоумете се тоа да го покажете
Помалку од два: на удолница
Ако не го промените начинот на размислување и пристапот на работата, тешко дека ќе успеете да влезете во потесниот круг за унапредување. Отпорот кон колегите или кон самата работа е голема кочница од која треба да се ослободите што побрзо.
21.07.2008