logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Русија по 40 години и враќа територија на Кина

По 40 години преговори, Русија ќе и врати на Кина 147 квадратни километри по должина на североисточната граница. Со ова конечно ќе се дефинира демаркационата линија помеѓу двете земји, соопшти денеска руското министерство за надворешни работи. Двете земји за време на дводневната посета на шефот на дипломатијата Сергеј Лавров на Пекинг, ќе биде потпишан договорот за враќање на територијата. Тој за време на посетата ќе се сретне и со кинескиот претседател Ху Џинтао и со премиерот Вен Џибао. Според договорот, Русија на Кина ќе и го врати островот Јинлонг, на руски Тарабанов и половина од островот Хеисјиази односно Бољшој Усуријски на руски. “Со овој договор ќе се заврши спорот околу границата меѓу Русија и Кина, за кој двете држави преговарале 40 години“, се вели во соопштението од министерството за надворешни работи на Русија. Тогашниот руски претседател Владимир Путин во октомври 2004, ја посетил Кина и двете земји потпишале договор за конечно враќање на оваа територија, пренесува Нетпрес.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/4272