Анкета
Најнова Фотка
1,2, па и повеќе

Русија по 40 години и враќа територија на Кина


По 40 години преговори, Русија ќе и врати на Кина 147 квадратни километри по должина на североисточната граница. Со ова конечно ќе се дефинира демаркационата линија помеѓу двете земји, соопшти денеска руското министерство за надворешни работи.

Двете земји за време на дводневната посета на шефот на дипломатијата Сергеј Лавров на Пекинг, ќе биде потпишан договорот за враќање на територијата. Тој за време на посетата ќе се сретне и со кинескиот претседател Ху Џинтао и со премиерот Вен Џибао.

Според договорот, Русија на Кина ќе и го врати островот Јинлонг, на руски Тарабанов и половина од островот Хеисјиази односно Бољшој Усуријски на руски.

“Со овој договор ќе се заврши спорот околу границата меѓу Русија и Кина, за кој двете држави преговарале 40 години“, се вели во соопштението од министерството за надворешни работи на Русија.

Тогашниот руски претседател Владимир Путин во октомври 2004, ја посетил Кина и двете земји потпишале договор за конечно враќање на оваа територија, пренесува Нетпрес.



21.07.2008




Гледајте фудбал
Спорт
И БАТЕ во Лигата на шампиони
И БАТЕ во Лигата на шампиони
Неверојатно, но белорускиот БАТЕ Борисов ќе го гледаме во Лигата на шампионите. На крилјата на сјајниот Аргентинец Серхио Агуеро и Атлетико избори пласман, откако го елиминираше Шалке.
Виља дефинитивно останува!
Виља дефинитивно останува!
Многубројните шпекулации за заминување на Виља од Валенсија нема да се остварат. Првиот стрелец на ЕУРО 2008 ќе остане Лилјак до 2014 година.
Мурињо: Шевченко беше како принц
Мурињо: Шевченко беше како принц
Шевченко откако замина во Челзи и имаше две неуспешни сезони се врати во клубот во кој го достигна својот врв, а поранешниот негов менаџер, сегашниот ривал тренерот на Интер Жозе Мурињо објасни зошто Шева не успеал на Стемфорд Бриџ.
Болт може да истрча 9.52?
Болт може да истрча 9.52?
Трократниот олимписки првак, Јамајканецот Усаин Болт можел во финалето на трката од 100 метри на ОИ во Пекинг да истрча со резултат од 9.52 доколку десетина метри пред целта не почнaл да ја слави победата, изјави неговиот тренер Глен Милс.
Сите бегаат од Манчестер, јас би одел во Шпанија!
Сите бегаат од Манчестер, јас би одел во Шпанија!
Српскиот репрезентативец Немања Видиќ даде интересно интервју за рускиот магазин Football weekly каде што се осврна на начинот на живот во северозападна Англија.

Резултати сега!