Два дена откако Милан одби 100 милиони евра за најдобриот фудбалер на светот, рускиот тајкун продолжува да ги искушува челниците од Сан Сиро со пари со кои можат да направат два тима.
Два дена откако Милан ги одби неговите 100 милиони евра за Бразилецот
Кака, сопственикот на Челзи
Роман Абрамович повторно го нападна Сан Сиро и се врати со 150 милиони евра во џепот, пишува утрово
Газета дело Спорт.
Веста е објавена само неколку часа откако извршниот директор на лондонскиот клуб
Питер Кенион изјави дека Челзи никогаш не пратил понуда за Кака, што го потврди и потпретседателот на Росонерите
Адријано Галијани.
Меѓутоа, дека можеби и двајцата ја кријат вистината се дозна откако од Бразил се огласи Кака, кој вчера изјави:
„Навистина двата клуба ме сакаат, а како ќе испадне расплетот, ќе видиме откако ќе се вратам во Милано“.
Веста за вртоглавата понуда прв ја објави личниот советник на Кака
Диого Кочо, кој за Гардијан изјави дека Бразилецот сака да се приклучи во Челзи.
„Челзи сака следната сезона да освои апсолутно се. Секако дека Кака сака да игра во таква средина, а рака на срце, не треба да се занемари ни финансиската страна. Ќе има поголема плата, а и од трансферот ќе добие 10%“, изјави Кочо.
Фантастичниот плејмејкер во Милан досега заработуваше по 180.000 евра неделно, а ако му се придружи на Челзи, повторно ќе соработува со Сколари, тренерот кој во 2002 го промовираше во сениорската бразилска репрезентација.
21.07.2008