Ви текнува на Пит Мичел на прекар Маверик? Пилотот што беше најголем фраер во академијата. Е, па веројатно пак ќе го видите, ама овој пат кај што поучува млада пилотка!
Том Круз размислува за понудата да ја повтори славата од 1986 година, односно да заигра во продолжението на филмот Топ Ган.
„Постои идеја да се направи приказна за Маверик 20 години подоцна. Тој е се уште во Топ Ган, но како инструктор. Овој пат приказната е обратна. Него ќе му дојде млада пилотка која треба да ја подучува“, изјави близок извор на продукцијата за Absolute Now.
Шефовите на студиото, наводно, не сакаат да го направат продолжението без Том Круз, па проектот нема да стартува се додека не го кандисаат повторно да ја игра улогата на Пит Мичел.
„Дали филмот воошто ќе се сними, зависи само од Том и во тоа дали сака да ја игра пак улогата, бидејќи би било многу тешко да се најдедруга личност која би го глумела него“, вели изворот.
21.07.2008