Новиот филм за Бетмен, Темниот витез во првиот викенд од прикажувањето заработи неверојатни 155.34 милиони долари и го сруши рекордот што минатата година го постави Спајдермен 3 од 151.1 милиони.
„Знаевме дека ќе биде успешен, но никогаш не очекувавме дека олку ќе доминира на пазарот“, изјави Дан Делман, кој во Ворнер Брос е задолжен за дистрибуцијата. Се проценува дека до крајот на неделава заработувачката на филмот ќе премине 200 милиони долари.
Заработувачката се однесува само на киноблагајните во САД и Канада, а таа ќе биде уште поголема кога ќе се објават конечните бројки за викендот што измина.
Во овој филм, Џокерот го играше Хит Леџер кој во јануари почина откако случајно зел поголема количина лекови. Се претпоставува дека оваа улога ќе му донесе постхумна номинација за Оскар.
Погледнете го успешното деби на Марадона Во натпреварот што можевте во живо да го следите на Таратур, легендата на аргентинскиот фудбал на Хемпден Парк имаше одлична премира како селектор.
Видео: Загубивме од Црна Гора Нашите репрезентативци повторно покажаа променлива игра. Во првиот дел игравме очајно и примивме 2 погодоци, додека во вториот одигравме нешто подобро и успеавме да намалиме.
Македонија подготвена за врвот на Европскиот ракомет Завршени се сите подготовки Македонија да биде врвен домаќин на претстојното Европското првенство (ЕП) во ракомет за жени, што од 2 до 14 декември ќе се одржува во Скопје и Охрид.
Манчини најдобар тренер во Италија Поранешниот тренер на Интер ја доби престижната италијанска награда Златна клупа, која се доделува на најуспешниот тренер во изминатата сезона.
Џерард се плашел да прави лизгачки Капитенот на Ливерпул откри дека кога бил мал не правел лизгачки стартови, само за да не биде сметан за груб фудбалер
Дрогба казнет со три натпревари Напаѓачот на Челзи е казнет поради неодамнешниот инцидент кој дополнително ќе го оддалечи од терените.
Реал го бара Вучиниќ Челниците на шпанскиот гигант од почетокот на сезоната бараат засилување во нападот. По повредата на Нистелрој тоа повеќе не е желба, туку потреба, а нивна мета е напаѓачот од Рим.