logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Чех и Есјен остануваат во Челзи

Петр Чех и Микаел Есјен ја продолжија верноста кон Челзи. Голманот на Стемфорд Бриџ ќе остане до 2013, а Ганецот до 2012 година. „Чест ми е што сум играч на овој клуб и драго ми е што го обновив договорот. Челзи ми го освои срцето“, рече чешкиот репрезентативец кој во Лондон дојде од Рен во 2004 година, за нешто помалку од девет милиони евра. Микаел Есјен, според новиот договор ќе остане во Челзи до 2012 година. 25-годишниот репрезентативец на Гана се договори да го продолжи престојот на Стемфорд Бриџ, откако челниците на клубот истакнаа дека се презадоволни од неговите настапи минатата сезона. Според информациите, условите во новиот договор се значително подобрени. Есјен дојде во Челзи во 2005 година од Лион, а досега за тимот на Абрамович одигра 91 меч и постигна 9 голови.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/4265