Анкета
Најнова Фотка
Екстра Југо

Чех и Есјен остануваат во Челзи


Петр Чех и Микаел Есјен ја продолжија верноста кон Челзи. Голманот на Стемфорд Бриџ ќе остане до 2013, а Ганецот до 2012 година.

„Чест ми е што сум играч на овој клуб и драго ми е што го обновив договорот. Челзи ми го освои срцето“, рече чешкиот репрезентативец кој во Лондон дојде од Рен во 2004 година, за нешто помалку од девет милиони евра.

Микаел Есјен, според новиот договор ќе остане во Челзи до 2012 година. 25-годишниот репрезентативец на Гана се договори да го продолжи престојот на Стемфорд Бриџ, откако челниците на клубот истакнаа дека се презадоволни од неговите настапи минатата сезона. Според информациите, условите во новиот договор се значително подобрени.

Есјен дојде во Челзи во 2005 година од Лион, а досега за тимот на Абрамович одигра 91 меч и постигна 9 голови.


21.07.2008



Гледајте фудбал
Спорт
Виља дефинитивно останува!
Виља дефинитивно останува!
Многубројните шпекулации за заминување на Виља од Валенсија нема да се остварат. Првиот стрелец на ЕУРО 2008 ќе остане Лилјак до 2014 година.
Мурињо: Шевченко беше како принц
Мурињо: Шевченко беше како принц
Шевченко откако замина во Челзи и имаше две неуспешни сезони се врати во клубот во кој го достигна својот врв, а поранешниот негов менаџер, сегашниот ривал тренерот на Интер Жозе Мурињо објасни зошто Шева не успеал на Стемфорд Бриџ.
Сите бегаат од Манчестер, јас би одел во Шпанија!
Сите бегаат од Манчестер, јас би одел во Шпанија!
Српскиот репрезентативец Немања Видиќ даде интересно интервју за рускиот магазин Football weekly каде што се осврна на начинот на живот во северозападна Англија.
Видео: Јуве, Барса и Панатенаикос во Лигата на шампионите
Видео: Јуве, Барса и Панатенаикос во Лигата на шампионите
Барселона беше поразена од Висла, Јувентус ремизираше со Артмедија, а Панатенаикос ја совлада Спарта, што беше доволно за овие тимови да се најдат во групната фаза од Лигата на шампионите.
Галијани: Сега Анчелоти мора да освои Скудето
Галијани: Сега Анчелоти мора да освои Скудето
Потпретседателот на Милан вели дека тој си го сторил своето со купување на многу засилувања, па сега на потег е тренерот Карло Анчелоти.
Павличенко во Тотенхем
Павличенко во Тотенхем
Рускиот напаѓач изјави дека сака неговата кариера да ја продолжи во Премиерлигата, поточно во тимот на Тотенхем.
Милан Барош потпиша за Галатасарај
Милан Барош потпиша за Галатасарај
Чешкиот репрезентативен напаѓач денес потпиша договор со турскиот шампион, каде ќе игра во наредните три години.

Резултати сега!