Двајца разбојници успеале да украдат 1,5 милиони денари од експозитура на Стопанска банка во скопската населба Ново Лисиче, соопштија од МВР.
Според полицијата вчера околу 14:50 часот две маскирани лица влегле во банката и заканувајќи се со пиштоли и им наредиле на сите присутни да клекнат на подот, а доколку не ја извршат наредбата ќе пукаат.
Потоа поминале покрај шалтерите од каде ги зеле парите, им наредиле на клиентите да ги извадат парите, ги одзеле истите, по што го напуштиле местото.
Разбојниците кои што биле маскирани со капи на главата со отвори на очите, извршиле разбојништво над петмината вработени, при што им се одземени 1,5 милиони денари а од присутните клиенти во банката на С.Т. (37) одзеле паричник во кој имало 18 илјади денари, на Д.Л. (53) му биле одземени 7,5 илјади денари. Паричници и документи им биле одземени на К.Р. (27), 300 денари и на М.Р. (30) 2,8 илјади денари.
Увид на лице место извршила увидна екипа од скопската полиција, кој што превзема мерки за пронаоѓање на сторителите.