Анкета
Најнова Фотка
Миљеници бакшиш
Помош за Мила
Мила
Аирлија нека е!
Airlija

СМК упати отворено писмо до Костас Караманлис


Претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров упати отворено писмо до грчкиот премиер Костас Караманлис, по повод неговиот одговор на писмото на македонскиот премиер Никола Груевски.

Писмото на претседателот на Светскиот Македонски Конгрес е испратено и до претседателите на земјите постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите Нации, ЕУ, НАТО, ОБСЕ и Советот на Европа, а агенцијата Нетпрес во целост ја пренесе содржината на писмото.

Господине Караманлис,
Во одговорот на писмото од македонскиот премиер Никола Груевски, во право сте само кога велите, дека во Грција не постои македонско малцинство, затоа што и самите знаете, дека мнозинството во Грција по потекло се Македонци, исто како и Вие!

За жал, историјата не научи, дека најголеми Турци во Отоманската империја биле јаничарите. Дури и ако Македонците за Грците се Словени, тогаш пословенска држава од Грција нема, затоа што Словени во Грција не се само црнците во Атина доселени во времето на фараните од Африка. Да, таканаречените “Грци”, се малцинство во Грција, наспроти Македонците, Албанците, Власите, Турците, Ѓупците и Циганите.

Господине Караманлис,
Не заборавајте дека до 1831 година Грција и Грци во историјата не постоеја. Не заборавајте дека лажната грчката историја ја пишуваше Германец, дека Грција е држава, наспроти Отоманската Империја, своевремено создадена поради интересите на Британија, Франција, Русија и Германија.

Не заборавајте го мајчиниот македонски јазик, не заборавајте дека сте задоени од мајка Македонка од Солун, не заборавајте дека основата на Грција е Македонија, дека менторите на поделбата на Македонија се далеку, но дека ние треба да живееме заедно, затоа што сме браќа и првославни.

Господине Караманлис,
Светот знае, дека барањето на Атина за промена на државното име Македонија, со злоупотреба на правото на вето во Европската Унија и НАТО-Алијансата е последен обид на менторите на Атина, за легализација на окупацијата врз Беломорскиот дел на Македонија и геноцидот врз македонскиот народ од балканските војни во 1912-1913 година до денес.

Граѓанските, имотните и наследните права на насилно протераните Македонци од Беломорскиот дел на Македонија не се економско прашање за пред Судот во Стразбур, кога Атина им забранува влез во Грција, ги оневозможува во пристапот до матичните евиденции, катастарот и судовите во Грција.

Гетоизацијата и дискриминацијата на граѓанските и човековите права и слободи на Македонците по потекло во Грција не се техничко прашање, туку систематски и континуиран геноцид врз македонскиот народ кој Атина го спроведува од окупацијата на Беломорскиот дел на Македонија во балканските војни и со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година, а тоа злосторство против човештвото не застарува и кога и да е Атина ќе мора да плати репарации поради тоа.

Господине Караманлис,
Македонија ги исполни критериумите за пристапување во ЕУ и НАТО, го почитува територијалниот интегритет на Грција, но ако грчкиот геноцид врз македонскиот народ и антимакедонизмот на Атина со барањето за промена на државното име се вредност за солидарност во Европската Унија и НАТО, Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет го отфрлаат македонското членство во овие сојузи на држави и тоа ќе го потврдат на референдум.

Во 1992 година, Мицотакис (татко и на Дора Бакојани) и Милошевиќ во Лондон разговараа за поделба на Македонија. Во 1992 година, веројатно во знак на добрососедство, владата во Атина донесе одлука за воена агресија и окупација врз Република Македонија, како што претходно во Единбург стави вето во ЕУ за признавање на држава со име што ќе го создржи зборот Македонија.

Српскиот хегемонизам ја растури поранешна СФР Југославија и Србија. Се плашам, дека Вашиот наци-фашизам и антимакедонизам ќе ја растурат Грција, а последиците ќе ги почувствувате брзо брзо самите Вие.

За жал, Атина не е определена за односи на пријателство и добрососедство, а со агресивниот антимакедонизам промовира непријателство и го дестабилизира регионот. Тоа што Атина е последен бастион на наци-фашизмот, расизмот и антисемитизмот во Европа, не е македонска вина!

Господине Караманлис,
Историјата нема да ја промениме денес, велејќи едно а правејќи друго со замена на тези, но бидејќи судбински сме упатени едни на други, и пред Господа одговорни, и бидејќи големината на секоја цивилизација е во универзалноста на нејзините вредности, и покрај историските хипотеки, со љубов повикуваме на македонско-грчко помирување, на договор за траен мир и добрососедство што ќе ја замени времената македонско-грчка согласност од 13 септември 1995 година, повикуваме на безусловна декларација на македонското собрание, дека културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации, во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на современата геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации.

Господ со нас Македонците и Грците! - се вели на крајот од писмото на претседателот на Светскиот Македонски Конгрeс Тодор Петров.

19.07.2008




Гледајте фудбал
Спорт
Фифа се откажа од санкциите за Полска
Фифа се откажа од санкциите за Полска
slikaПолска најверојатно ќе помине без остри санкции откако утре во Фудбалската федерација ќе се вратат сменетите челници.
Ливерпул остана без Шкртел
Ливерпул остана без Шкртел
slikaСловачкиот репрезентативец ќе остане надвор од терените прилично долг период, откако во неделниот натпревар со Манчестер Сити се здоби со тешка повреда на коленото.
Сколари по Лавеци
Сколари по Лавеци
slikaСпоред англиските и италијанските медиуми, во јануарскиот преоден рок Челзи, по препорака од тренерот, ќе понуди најмалку 10 милиони фунти за Езекиел Лавец од Наполи.
Хуанде Рамос: Не размислувам за оставка
Хуанде Рамос: Не размислувам за оставка
slikaМенаџерот на Тотенхем вели дека нема намера да го напушти сегашниот клуб, иако Спарси се соочуваат со најлошиот старт на сезоната во последните 100 години.
Се соблече да ја пуштат в ринг!
Се соблече да ја пуштат в ринг!
slikaСимпатичната Американка на првото мерење имала килограм повеќе, но ни под разно не сакала да и го предаде мечот на соперничката Кели Кобалд. Џина извела стриптиз и на крај славеше со одлука на судиите!
Робен се повреди по којзнае кој пат
Робен се повреди по којзнае кој пат
slikaРеал беше приморан да постигне гол за да се врати во натпреварот, па Шустер во второто полувреме се реши да го вметне во игра Робен...
Видео: Севиља убедливо, Реал само реми
Видео: Севиља убедливо, Реал само реми
slikaФудбалерите на Севиља го декласираа Атлетик Билбао со 4:0, додека екипата на Спортинг Хихон ги забележа првите бодови во оваа сезона.
Резултати сега!
slika