Со вашиот партнер сте среде акција, страста еруптира, љубовта исто така и се е баш како што треба, а тогаш од вас бара да направите нешто што никогаш не сте го правеле. Желбата, одеднаш ќе ви спласне.
Откако сте слушнале необично сексуално барање од вашиот партнер единствено веројатно можете да изговорите – „Сакаш... што!?“

Тоа е онаа моментална реакција, но најдобро е во ваква сцена да го притиснеме копчето пауза и да разгледаме како да се снајдеме во целата ситуација.
Страстен застој
Ваквите моменти бараат дипломатски пристап. Ако вашиот партнер е срамежлив тогаш веројатно му треба многу храброст воопшто да ја каже својата желба гласно, а и ако не е еден од таквите, не е најдобро да донесете одлука во жарот на моментот, бидејќи тоа може да прати погрешна порака.
Најдобро што можете да направите е сами да си дадете време за да размислите з атоа. Длабоко воздивнете, смирете се и ако не сте спремни за експериментирање речете му на партнерот дека треба да размислите за тоа за следниот пат и што побрзо обидете се да се вратите таму кај што застанавте.
Влегување во вртлог
Откако добивте време да го разгледате неговото барање, направете мало истражување. Ако неговото барање за вас беше прешокантно, можеби ќе морате да се соочите со некое од општествените табу теми кои не се научно поткрепени. А, ако побарал нешто прифатливо, побарајте некоја литература или информирајте се на интернет, барем ќе добиете повеќе податоци, а и совети.
Не, значи не!
Ако барањето на вашиот партнер е нешто што ве навредува, погрижете се сериозно да поразговарате за тоа и тоа на неутрален терен (читај - не в кревет додека водите љубов). Речете му дека тоа не е територија која сте спремни да ја истражувате, а можете да му предложите некои други нови потези в кревет, кои ќе го освежат вашиот сексуален живот и во кои и двајцата ќе уживате.
Никој никогаш не би требало да присилува на нешто што таа личност не го сака. Ако партнерот продолжи да навалува, можеби и треба да размислите за иднината на вашата врска.
Отворени погледи
Повеќете од неговите барања можеби се сосема прифатливи и во ред. Можеби ќе откриете дека испробувањето на нови работи во сексуалниот живот се едно интересно и пријатно искуство и дека тоа уште повеќе ќе ве поврзе и зближи. Меѓу другото, можеби некогаш и вие ќе сакате да пробате нешто ново, а вашиот партнер ќе ви излезе во пресрет.
17.07.2008