Нашата омилена хероина со убаво лице и совршено тело се враќа во акција во ноември годинава. Tomb Raider: Underworld тогаш треба пристигне на конзолите и компјутерите ширум светот. Играта изгледа одлично.
Лара Крофт, синонимот за секси виртуелна жена, се врати. Овој пат тргнува во авантура во подземјето.

Има многу нови костими, над 1700 движења и може да се јази, скоки и плива со неверојатна елеганција. Движењата и се моделирани спрема една гимнастичарка, па се многу реални и добро изгледаат.

Приказната на ова продолжение? Споредна работа. Лара во Подземјето открива стари записи во кои се наоѓа чеканот на Тор, за кој досега се мислело дека е митско оружје.

Во потрагата по него, Лара плива, нурка, се бори, скока и вози мотор, на кој изгледа одлично.
Повеќе:
www.tombraider.com [1]