Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija

Алое вера


Улогата на нашиот имунолошки систем се состои во согледување, препознавање и уништување на различни патогени организми, пред се бактерии и вируси кои постојано атакуваат и го напаѓаат организмот.

Тие навлегуваат во крвотокот, но ги пресретнуваат белите зрнца - макрофаги, и почнуваат со нивно уништување. На помош доаѓаат другите два типа- Б-лимфоцити и Т-лимфоцити.

Првите произведуваат антитела со кои директно се борат со напаѓачите. Т-лимфоцитите дејствуваат со активирање на имунолошката реакција и со алармирање на останатите одбрамбени механизми за присуство на напаѓачи.

Цитотоксичните Т- лимфоцити или така наречените клетки убијци ги уништуваат напаѓачите, а потиснувачките Т-лимфоцити ги надгледуваат обрамбените активности.

Кога напаѓачите се уништени и елиминирани, овие Т-лимфоцити го сопираат целиот имунолошки систем.

Имунитетот има одлична меморија и го памети секој напаѓач кој претходно го уништил, - така што во случај на повторен напад од истиот патоген организам, имунолошката реакција е многу брза и ефикасна.

Така функционира нормално развиен и здрав систем на одбрана во човековото тело, но во текот на животот многу пати се случува пад на имунитетот и нарушување на нормалната функција на имунолошкиот систем.

Привременото слабеење на имунитетот може да биде последица на негативни влијанија од надворешната средина-загадување на воздухот, водата и храната, слаба и нередовна исхрана, недостаток на одмор и сон, недоволно физичка активност, стрес со прекумерно количество алкохол и цигари и сл.

Кога се случува вакво нешто, организамот станува поподложен на инфекции, истите потешко се лекуваат и се подолготрајни. Со време, овие фактори може да предизвикаат многу сериозни оштетувања на природниот имунитет на човековото тело.

Истражувањата покажуваат дека емоционалниот стрес кој секојдневно е присутен во современото живеење, може значително да го ослабне имунитетот.

Прекумерната употреба на лекови особено антибиотици многу го намалуваат природниот имунитет особено кај децата во развој. Ослабен имунитет често се јавува кај мали деца, постари изнемоштени пациенти, рековалесценти, кај заболени од малигни болести, сида и сл.

За природно јакнење на организмот и на целокупниот имунолошки систем, неопходно е секојдневно земање додатоци во исхраната со имуностимулирачки својства во точно пропишани дози.

Јакнењето на имунолошкиот систем е една од препорачаните превентивни мерки во борба со вирусите на грипот како птичјиот, така и со вирусот на хуманиот грип.

За таа цел се препорачува вакцинирање со постојните вакцини против грип, редовна употреба на витаминско-минералните препарати (особено поголемо количество на Ц-витамин) како и природните имуностимулатори од програмата на алое вера производи.

Овие препарати го ревитализираат човековото тело, го зајакнуваат имунолошкиот систем и ги потпомагаат сите важни телесни функции.

Важат за здрава дневна поддршка на организмот. Го подобруваат апетитот и ја зајакнуваат крвната слика, ја зголемуваат отпорноста кон многу видови заболувања, а со сето тоа ја подобруваат и општата здравствена состојба кај пациентите. Со редовно конзумирање на вакви додатоци во исхраната ќе го зајакнеме сопствениот имунитет.


Повеќе:
eco-food-ong.com


*Спонзорирана статија
14.07.2008




Гледајте фудбал
Спорт
Погледнете го успешното деби на Марадона
Погледнете го успешното деби на Марадона
slikaВо натпреварот што можевте во живо да го следите на Таратур, легендата на аргентинскиот фудбал на Хемпден Парк имаше одлична премира како селектор.
Видео: Загубивме од Црна Гора
Видео: Загубивме од Црна Гора
slikaНашите репрезентативци повторно покажаа променлива игра. Во првиот дел игравме очајно и примивме 2 погодоци, додека во вториот одигравме нешто подобро и успеавме да намалиме.
Македонија подготвена за врвот на Европскиот ракомет
Македонија подготвена за врвот на Европскиот ракомет
slikaЗавршени се сите подготовки Македонија да биде врвен домаќин на претстојното Европското првенство (ЕП) во ракомет за жени, што од 2 до 14 декември ќе се одржува во Скопје и Охрид.
Манчини најдобар тренер во Италија
Манчини најдобар тренер во Италија
slikaПоранешниот тренер на Интер ја доби престижната италијанска награда Златна клупа, која се доделува на најуспешниот тренер во изминатата сезона.
Џерард се плашел да прави лизгачки
Џерард се плашел да прави лизгачки
slikaКапитенот на Ливерпул откри дека кога бил мал не правел лизгачки стартови, само за да не биде сметан за груб фудбалер
Дрогба казнет со три натпревари
Дрогба казнет со три натпревари
slikaНапаѓачот на Челзи е казнет поради неодамнешниот инцидент кој дополнително ќе го оддалечи од терените.
Реал го бара Вучиниќ
Реал го бара Вучиниќ
slikaЧелниците на шпанскиот гигант од почетокот на сезоната бараат засилување во нападот. По повредата на Нистелрој тоа повеќе не е желба, туку потреба, а нивна мета е напаѓачот од Рим.
Desno


Резултати сега!
slika