„Годишно абортираат 42 милиони жени, а секои седум минути една жена умира како последица од илегален абортус“, стои на страницата која нуди помош на жените од земјите каде абортусот е забранет.
На страницата
Women on Web сите кои сакаат можат да ја раскажат својата приказна за своето непријатно искуство, да дискутираат за тоа, да побараат совет и да донираат пари за помош на жените во целиот свет, за да им се овозможи сигурен и стручен абортус, но се нудат и таблети кои предизвикуваат абортус.
Таблетите за предизвикување абортус кои можат да се нарачаат на веб сајтот првенствено се наменети за жените кои живеат во земји каде тоа е забрането.
Иако авторите на оваа страница тврдат дека намерата им е да им помогнат на жените, застрашувачки е податокот дека таблетите кои предизвикуваат спонтан абортус и не се сосема безбедни, а на тоа предупредуваат британските експерти кои тврдат дека кај 11 посто жени дошло до компликација предизвикана од земање на таблетите, пишува
BBC.
На страницата од нарачателките се бара целосна документација за степенот на бременост, а таблетите се испорачуваат само во земјите во кои абортусот е забранет.
12.07.2008