Обично и кога одите на улица, не сакате бадијала да го арчите времето, па се јавувате на телефон, одговарате на СМС пораките, така што цело време сте во комуникација со некого. Но, ако врне дожд, заради чадорот, се` се откажува.
Bluetooth Umbrella [1] би можело да биде решението, кога конечно ќе излезе од концептуална фаза и да тргне во масовно производство.

Во рачката на чадорот се наоѓаат слушалката и копчињата за контрола, па може мобилниот да ви биде в џеб, а да телефонирате. Рачката служи и како радио, така што можете да си слушате музика и на дождот.
Веројатно, на почетокот глупо ќе изгледате кога одејќи по улица разговарате со чадорот, но ако овој производ стане шема, што има големи шанси, тогаш и дождот нема да биде пречка за телефонска комуникација.