Мајкл Џексон планира камбек на сцената и тоа со уште едни повратници – некогаш мегапопуларниот бој бенд New Kids On The Block! На заедничка турнеја ќе тргнат веќе од септември.
Некогашниот крал на поп музиката наводно би требало да им се придружи на некогаш исто така екстра популарните членови на групата
Њу кидс он д блок на нивната повратничка турнеја во септември.
Мајкл Џексон е спремен на се за да ја оживее својата кариера, која пропадна по бројните обвиненија за педофилија.

Еден од членовите на Њу кидс он д блок
Дони Валберг, брат на познатиот актер
Марк Валберг, не го криеше задоволството.
„Многу сме возбудени. Тоа е една голема забава и сите сакаат да ни се придружат“, вели Дони.
10.07.2008