logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Фото: Бегство на дрво

Овие посебни мали живеалишта инсталирани меѓу крошните ја разбудуваат подзаспаната фантазија, ги враќаат спомените од детството и желбата пак да се најдеме во волшебниот свет меѓу лисјата. Куќичка на дрво. На времето, детска авантура, денес романтично одморалиште за возрасните. Горе, каде што сите звуци и погледи се поразлични, работењето непречено, а исто така и мечтаењето и опуштањето...
Овие уникатни модерни куќарки се многу поразлични од типичните детски куќички на дрво. Се работи за индустриски производ, со фино изработена внатрешност и направени само за возрасни, па слободно на врата можете да го обесите знакот „Влезот за деца строго забранет“.
Модерната куќарка на дрво е совршено прибежиште и додаток на вашиот ’земјен’ дом.
Секако, ова се вистински мали домови на дрво. Ги произведува Баумрам, германска комапнија која конструира само такви артистички куќарки, а со нив ви дава доживотна гаранција на прекрасен поглед и најзелена тераса.
Нивните ремек дела се доволно убаво опремени што можат да послужат и како соба за гости или дури како вистински дом, за што сведочат многу млади двојки кои одлучиле да живеат во природа.
Повеќе: www.baumraum.de [1]

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/4090