|
|
Македонија - стапката на софтверска пиратерија 68 отсто
Македонија е во средина меѓу државите од регионот и централна Европа според софтверска пиратерија, со стапка од 68 отсто во 2007 година.
Во регионални рамки, најниска стапка има Хрватска – 54 отсто, а ист процент како и Македонија имаат Босна и Херцеговина, Бугарија и Романија, покажува истражувањето спроведено од ИДЦ, независна компанија за глобално истражување на пазарите и предвидување на подрачјето на информатичката технологија.
Србија минатата година имала стапка на софтверска пиратерија од 76 отсто, Албанија 78, а Црна Гора 83 отсто.
Во рамки на источна Европа, најниска стапка имале Чешка (39 отсто), Унгарија – 42, Словачка (45) и Словенија – 48.
Највисоката стапка на софтверска пиратерија во источна и централна Европа е во Молдавија – 92 отсто.
Copyright 2008 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
8.07.2008
|
|
|
|
|