Младите и децата кои се вклучуваат во интернет страните за социјално вмрежување какo Фејсбук и МајСпејс би можеле во иднина да имаат негативен и опасен поглед на светот, тврди еден од водечките светски психијатри.
Д-р
Химаншу Тијаги тврди дека ваквите интернет сајтови би можеле сериозно да наштетат на менталниот развој и на здравјето на тинејџерите, бидејќи лицата со активни онлајн профили ја намалуваат вредноста на својата реална личност,
Затоа стручњаците не ја кријат загриженоста од таквите страници за социјално вмрежување, бидејќи би можеле да поттикнат импулсивно однесување, па дури и самоубиства.
Тијаги на годинешниот симпозиум на психијатри, кој се одржа пред неколку дена во Лондон напомена дека лицата родени по 1990 година го запознаваат светот низ интернет, а денешните експерти се уште не се спремни да се носат со проблемите кои ги имаат младите од користењето на интернет.
Иако страниците за социјално вмрежување имаат многу предности како создавање на нови пријателства и дружење, постојат и потенцијални опасности како фиктивни идентитети, крадење на идентитетот, измами и лаги кои многу влијаат на развојот на младите лица.
„Создаден е свет каде се` брзо се менува и прилагодува, меѓусебните односи се окончуваат со клик на глушецот, секој профил може да биде избришан и направен нов кои повеќе ќе ви одговара“, вели Тијаги додавајќи се дека луѓето се навикнуваат на брзиот ритам на живот кој не е здодевен и е повозбудлив од реалниот што доведува до разграничување со реалноста.