Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija

Читајте книги - на кирилица


Го чувам своето - додека пишувам на кирилица - постојам! Тоа е мотото на кампањата за зачувување, користење и модернизација на македонската кирилица, иницирана од Македонската информативна агенција (МИА) и Маркетинг агенцијата „Идеја плус комуникации“.

Иако е создадена пред повеќе од десет века на овие простори, со прегорна работа на светите Кирил и Методиј, творците на словенската писменост, и со посветеноста на нивниот ученик свети Климент Охридски, кирилицата неправедно се подзаборава и во употребата го „губи чекорот“ со латиницата.

Тоа е особено забележливо во новите глобални сфери - информатичките технологии, комуникациите и рекламирањето. Оттаму и поттикот за кампањата, што ќе опфати повеќе активности кои треба да ја подигнат свеста за правилна употреба на кирилицата.

Целта е да се покаже дека кирилицата е убава, применлива, отмена, грациозна, прогресивна, читка и модерна и поради тоа да се употребува секаде каде што е можно.

Во рамките на кампањата тече акцијата за популаризација на книгата и читањето, што ја води Издавачката куќа ЃУРЃА со продажба на новите изданија по симболични цени од 100 денари. Тие изданија пријателите на македонската кирилица можат да си ги купат секој ден на штандот кој се наоѓа на Плоштадот Македонија пред пицеријата ДАЛ МЕТФУ.

5.07.2008




Гледајте фудбал
Спорт
Погледнете го успешното деби на Марадона
Погледнете го успешното деби на Марадона
slikaВо натпреварот што можевте во живо да го следите на Таратур, легендата на аргентинскиот фудбал на Хемпден Парк имаше одлична премира како селектор.
Видео: Загубивме од Црна Гора
Видео: Загубивме од Црна Гора
slikaНашите репрезентативци повторно покажаа променлива игра. Во првиот дел игравме очајно и примивме 2 погодоци, додека во вториот одигравме нешто подобро и успеавме да намалиме.
Македонија подготвена за врвот на Европскиот ракомет
Македонија подготвена за врвот на Европскиот ракомет
slikaЗавршени се сите подготовки Македонија да биде врвен домаќин на претстојното Европското првенство (ЕП) во ракомет за жени, што од 2 до 14 декември ќе се одржува во Скопје и Охрид.
Манчини најдобар тренер во Италија
Манчини најдобар тренер во Италија
slikaПоранешниот тренер на Интер ја доби престижната италијанска награда Златна клупа, која се доделува на најуспешниот тренер во изминатата сезона.
Џерард се плашел да прави лизгачки
Џерард се плашел да прави лизгачки
slikaКапитенот на Ливерпул откри дека кога бил мал не правел лизгачки стартови, само за да не биде сметан за груб фудбалер
Дрогба казнет со три натпревари
Дрогба казнет со три натпревари
slikaНапаѓачот на Челзи е казнет поради неодамнешниот инцидент кој дополнително ќе го оддалечи од терените.
Реал го бара Вучиниќ
Реал го бара Вучиниќ
slikaЧелниците на шпанскиот гигант од почетокот на сезоната бараат засилување во нападот. По повредата на Нистелрој тоа повеќе не е желба, туку потреба, а нивна мета е напаѓачот од Рим.
Desno


Резултати сега!
slika