Човекот зад насмеаното лице на најпознатиот кловн на светот, Лари Хармон умре во 83 година од животот, од срцев удар.
Хармон не беше првиот Бозо, ниту го измисли ликот на препознатливиот клон со црвена коса, но стана синоним за Бозо откако глумеше во безброј претстави ширум светот, а во 50-те години ги купи правата и го лиценцираше ликот на кловнот Бозо, што воедно се однесуваше и на американските ТВ станици.
Лари Хармон како кловнот Бозо
ТВ станиците тогаш изнајмуваа свои кловнови Бозо кои ги тренираше Хармон. Шоуто Бозо беше прикажувано на американските телевизии од 1961 до 2001. Исто така кловнот Бозо беше редовен гостин во скоро сите домаќинства ширум светот.
Хармон во тој период истренира преку 200 актери кои се обидоа да го продолжат неговото дело.
Хармон (десно) со еден од неговите ученици
Инаку,
Пинто Колвиг, кој му го позајми гласот на Шиљо од цртаниот со Мики Маус, беше првиот Бозо кловн, а ликот беше креиран од писателот продуцент
Алан В. Ливингстон во 1946 гофина.
Хармон дури по десет години за првпат се појави со неговото алтер его и оттогаш стана синоним за Бозо. Почина во својот дом во Лос Анџелес.