Англискиот таблоид Сан објави дека поранешниот напаѓач на Челзи, Аргентинецот Хернан Креспо, го чинел сопственикот Роман Абрамович дури милион фунти по меч.
Хернан Креспо во Челзи дојде во 2003 година од Интер за 17 милиони фунти, а дури во четвртокот истече неговиот договор.
Меѓутоа, Креспо само две од петте сезони ги помина на Стемфорд Бриџ. Сезоната 2004/05 ја помина на позајмица во Милан, додека минатите две сезони беше позајмен во Интер. За цело време примаше плата од Челзи.
Во текот на двете сезони во Челзи (2003/2004 и 2005/2006) Креспо стартуваше во само 33 натпревари и постигна добри 25 голови во сите натпреварувања.
Со оглед на тоа што со Челзи потпиша петгодишен договор вреден пет милиони фунти по сезона, Аргентинецот го чинеше
Роман Абрамович милион фунти по натпревар или 1.3 милиони фунти по гол.
Каде ќе ја продолжи кариерата Креспо е под знак прашалник, бидејќи и минатата сезона под
Роберто Манчини не се изнаигра, а и со
Жозе Мурињо нема најдобри односи.
5.07.2008