Македонската гордост, ракометарот Кире Лазаров на гала свеченоста во Гетеборг, го прими признанието за најдобар стрелец во Лигата на шампионите.
Ракометарот на хрватски Загреб во најсилното европско клупско натпреварување постигна 96 гола, што беше недостижно постигнување за неговите колеги.
На денешната манифестација, капитенот на ракометната репрезентација на Македонија беше дел и од влечењето на составот на групите за наредната сезона.
Лазаров ги одреди можните ривалите на Металург во фазата по групи од елитното натпреварување, доколку македонскиот шампион во квалификациите го мине турскиот Измир.
Ако Металург успее да излезе како севкупен победник од двомечот со Измир, ќе игра во групата „Ц“ заедно со германски Кил, шпанска Барселона и норвешки Драмен.
4.07.2008