Даниел Редклиф и Ема Ватсон
Шестото продолжение од Хари Потер е набиено со секс, дрога и рокенрол, вели Даниел Редклиф споредувајќи некои моменти со култниот Треинспотинг. Ги имаме првите фотки!
„Во книгата очигледно нема секс, но постои голема количина сексуална енергија и дрога“, рече Даниел Редклиф во последното издание на Empire.
На предавање за чудотворните напитоци, професорот Слугхорн ги испитува младите волшебници
„Имаме неколку ’Треинспотинг моменти’, како што Дејвид (режисерот Дејвид Јејтс н.з.) ги нарекува. Тоа се два филма за кои мислев дека никогаш нема да ги спомнам во иста реченица. Постои голем баланс. Лесните делови се полесни од порано, а мрачните се екстремно мрачни“.
Режисерот Дејвид Јејтс потврди дека филмот ќе започне со акциона сцена.
„Филмот го отвораме со голем напад. Џо (авторката Роулинг) за тоа зборува во книгата, но ние ќе го покажеме. Ќе го срушиме цел лондонски крај. Ќе биде прилично спектакуларно“.
Мајкл Дамбон се враќа како професор Дамблдор
Хари Потер на шестата година на Хогвартс се занимава со тајните на книгата која му припаѓа на принцот со мешана крв и открива уште мрачни тајни на минатото на Волдеморт.
Дејвид Јетс им дава инструкции на Бони Рајт и Даниел Редклиф
Во слободното време главниот јунаци ќе ги мачат љубовни проблеми. Рон ќе пронајде нова девојка, што пак ќе биде излудувачко за Хермиона. Хари ќе сфати дека се заљубува во сестрата на најдобриот пријател, Џини Весли, која за жал е веќе зафатена.
Премиерата се очекува во ноември годинава, а дотогаш видете го првиот неофицијален трејлер.