logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Аршавин заминува во Челзи

Британскиот The Mirror тврди дека рускиот клуб ја прифатил понудата од 12 милиони фунти за нивниот најдобар фудбалер кој при крајот на неделата би требало да се пресели во Лондон. Сопственикот на Челзи Роман Абрамович ужива кога на Стенфор Бриџ гледа свои земјаци, а Аршавин е прилика која сигурно нема да ја пропушти. Луис Фелипе Сколари својот нов тим веќе го засили со Деко, Робињо наводно е на само чекор до клубот, а желбата на сопственикот е Аршавин. За Русинот кој беше брилијантен на Европското првенство сериозно загриза и Барселона, а дури и самиот Аршавин изјави дека кариерата сака да ја продолжи во Шпанија. Меѓутоа, извор од Зенит, на кој се повикува The Mirror вели дека Челзи и рускиот клуб договориле се и останува уште трансферот да биде официјално објавен во спортската јавност. „Аршавин го привлекуваше Шпанија, но смета дека на неговиот стил на игра повеќе му одговара Англија, а една од причините за договор со Челзи е и Роман Абрамович, кој директно се залага за негово доаѓање“, The Mirror ги пренесува зборовите на доушникот на рускиот табор. Филип Крстевски/Таратур

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/4027