logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Дрогба во Мадрид, Робињо во Лондон

Напаѓачот на Челзи би можел од наредната сезона да ги брани боите на Реал Мадрид, а како замена во редовите на сините да пристигне Бразилецот Робињо. Информацијата ја објави шпанска Marca, а можноста за размена помеѓу Реал и Челзи ја потврди агентот на Дрогба, Пјер Фрелот. Наводно Дрогба би заминал во Мадрид, додека во спротивен правец бразилскиот репрезентативец Робињо. „Дрогба во Реал. Зошто да не?“, изјави Фрелот додавајќи дека напаѓачот сака да игра во голем клуб, а Реал е токму таков. Откако Мурињо си замина, Дрогба очигледно не е пресреќен во Лондон. Досега најизгледна опција за него беше Милан, а од доаѓањето на португалскиот тренер во Интер и другиот клуб од Милано се приклучи во трката за напачот од Брегот на Слоновата Коска. Филип Крстевски/Таратур

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/4026