Братот, а воедно и менаџер на бразилскиот волшебник излезе со најнова изјава, овојпат недостасуваат само 10 % за Бразилецот конечно да го облече црвено црниот дрес.
Роналдињо речиси сигурно ќе ја напушти Барса затоа што
Гвардиола очигледно не смета на него за наредната сезона, а освен Милан во игра се Манчестер Сити и Челзи, но некогашниот најдобар фудбалер јасно порача дека нема намера да замине во Англија.
Милан од денес повторно се смета за негова наредна дестинација, иако потпретседателот Галијани пред само неколку дена изјави дека нема намера да се расфрла со пари.
Очигледно собраните милиони потписи за само 2 дена го натераа Берлускони да се премисли и да се надеваме дека сега конечно ќе го одврзе кесето и ќе заврши оваа сапунска серија која трае веќе подолго време.
„Вистина е, тој најверојатно ќе игра во Милан. Иако имаше еден период на затишје, челниците на Милан последниве денови покажаа дека навистина им е потребен и сега се е подготвено за трансфер. Поточно трансферот е договорен 90%, се движиме во посакуваната насока и наскоро се би требало конечно да заврши“, изјави
Де Азис за италијанските новинари.
Филип Крстевски/Таратур4.07.2008