logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Никако без заштита

Според истражувањето што го направи McAfеe, еден од најпознатите производители на антивирусен софтвер, ќе добиете 70 спамови дневно ако сурфате без заштитa. Ако живеете во Британија сте во уште поголема опасност. McAfеe направи студија во која учествуваа 50 луѓе од цел свет, кои беа замолени да сурфаат на интернет месец дена без филтер за спам пораки. Експериментот покажа дека луѓето во Велика Британија најмногу се мета на нигериски спамери и добиваат најмногу порнографски меилови. Еден Британец за време на експериментот примил дури 5.414 спам пораки.
Студијата покажа дека спамерите се поактивни од било кога досега, се користат со најразлични психолошки трикови да ги натераат корисниците да ги споделат нивните лични податоци и информации за нивните банковни сметки. Најпопуларна тема за спамирање и понатаму се парите, без разлика дали се работи за ’случајни подароци’, позајмици или издавање на кредитни картички. Изгледа спамот е неизбежна појава со која мора да научиме да живееме. Се надеваме дека McAfеe резултатите од ова истражување ќе ги искористат на најдобар можен начин.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/4024